Наставниот кадар во основните и средните училишта трпи контиуниран притисок, говорат сознанијата на невладината организација Цивил, добиени по пат на истражување во периодот од јуни до декември изминавата 2015 година.
„Вработени во образовните институции се под притисок да составуваат листи со „сигурни гласачи“, како што е случајот со вработените во други делови на јавната администрација и јавните претпријатија. Поради својата „политичка неподобност“ и „непослушност“ кон партиски поставените раководители во училиштата, наставниот кадар се соочува со казни и отпуштање од работа, непродолжување на договорите за работа, драстично намалување на фондот на часовите, односно на платата. Освен од раководителите, „непослушните и неподобните“ наставници се надгледувани и често се под притисок од партиските војници меѓу своите колеги“, соопштија од Цивил.