515
„Цивил“- Центарот за слобода бара веднаш да им се вратат телефоните на демонстрантите кои на 5 мај беа лишeни од слобода 24 часа. На демонстрантите по ослободувањето, им биле одземени телефоните со аргумент дека ќе бидат потребни за понатамошната истрага. „Цицил“ соопшти дека телефоните на притворените се земени без судски налог, што е незаконски.
„Цивил“ исто така, бара од ослободување на студентите од Студенскиот пленум за кои е покренато обвинение.
„Како поддржувач на граѓанската иницијатива „Протестирам“, „Цивил“ уште од 5 мај перманентно протестира и поради прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, поради полициската бруталност и поради притворените демонстранти кои на 5 мај протестираа пред Владата“, се наведува во соопштението.