610
Невладината Цивил апелира до сите граѓани и до полицијата да се воздржат од употреба на оружје и насилство, откако пред неколку часа почнаа протести против изречените казни доживотен затвор за шестмината обвинети во случајот „Монструм“. Тие, исто така, апелираат до сите политички партии да излезат со заедничка изјава и да преземат итни чекори за смирување на состојбата.
Набљудувачите на Цивил јавуваат за ескалација на ситуацијата и пукотници на протестите во близина на скопските судови. Откако била каменувана зградата на Основниот суд, толпата се упатила накај Владата по што била спречена од вооружените полициски единици кои интервенирале со димни бомби и тешки оклопни возила.