Ципрас за спорот со името: Годинава се отвора прозорец

by Fokus

Грчкиот премиер Алексис Ципрас повторно порача дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. Тој смета дека годинава се отвора прозорец на можности за решение и потребно е да се донесат неопходни одлуки.

Грчкиот премиер, како што јави дописникот на МИА од Атина, повторно јавно говори за спорот меѓу Македонија и Грција.

– 2018 е важна година за Грција, не само затоа што по цели осум години, конечно излегуваме од меморандумите, туку и поради тоа што истовремено се отвора еден важен прозорец на можност за решавање на името. Убеден сум дека сега е дојдено време да ги донесеме неопходните одлуки, за да ја оправдаме улогата на Грција како водечка сила на Балканот, но и како столб на стабилност во поширокиот регион – вели Алексис Ципрас за утрешното викенд издание на весникот „Неа селида“.

МИА

Поврзани новости