Екс-премиерот на Грција, Алексис Ципрас на денешното свечено отворање на Самитот за Западен Балкан, порача дека Договорот од Преспа е победа на дипломатијата.
„Кога решивме да ги изградиме овие односи, решивме да ги напуштиме сите односи кои постоеја во минатото. За слобода е потребно да ги отстраните оковите, беа зборовите на Казанѕакис. Треба да се продолжи во духот на овој договор, имајќи ги во предвид зборовите на Казанѕакис и Зорбас. Сите проблеми во регионот беа создадени заради постоењето на насилството, крвопролевањето. Балканот имаше многу конфликти и тие беа резултат на пошироката територија. Во последните неколку години требаше да се справиме со кризата на една темна Европа, Брегзит, повлекување во националното, естремизам и нееднаквост. Мора да се најде нова мотивација, да се решат проблемите кои ги наследивме. Моравме да најдеме решенија и за национализмот и за интровертноста. Договорот од Преспа ја симболизира победата на димпломатијата“, истакна Ципрас