413
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска е во приватна посета на Струмица, на покана на експремиерот Зоран Заев, соопшти дописникот на Миа од Атина.
Ципрас и Заев кога беа на функциите премиери на Грција и Македонија, го потпишаа Преспанскиот договор. Тие од тогаш се добри пријатели.
На Конгресот на Сириза одржан минатата година, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијата.