733
Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас во интревју за емисијата 360 степени откри дека неколку дена пред потпишување на Преспанскиот договор, двете страни речиси се откажале и рекле дека нема шанси да се договорат.
-Неколку дена пред потпишување на договорот, јас, Заев, Коѕијас и Димитров ги фрливме пенкалата и рековме нема шанси да постигнеме договор. Но, потоа надвладеа разумот, рече Ципрас.