Ципрас: Уште е рано, ама потпишување на договор во Преспа би бил позитивен симболизам

by fokus

Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште пат да се помине, рече грчкиот премиер на прес конференцијата во Софија и додаде дека сѐ уште не сме во позиција да говориме за договор.

– Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали Не сме, се уште во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори, со цел ако е можно повторно да се сретнеме на почетокот на следниот месец, рече Ципрас.

Одговарајќи на новинарско прашање дали следната средба би можела да се одржи во Преспа, како што веќе извесен период се шпекулира во Грција, Ципрас рече дека тоа би бил позитивен симболизам, но „прво треба да се стигне до точката каде што ќе има гаранција дека една таква средба ќе има голема веројатност за успех“.

– Она што ќе ја одреди можноста за да постои оваа средба се консултациите што ќе се спроведат следните денови, главно кај нашите соседи, но и со соработката меѓу двајцата министри за надворешни работи, за да се надмине дистанцата во прашањата што нѐ разделуваат, рече грчкиот премиер.

Поврзани новости