Ципрас: Преземам политичка одговорност за пожарите

by fokus 17:29
17:29

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека презема политичка одговорност за катастрофалниот пожар во реонот на Атика, во кој животите ги загубија 87 лица, и повика истото да го сторат и министрите во неговата Влада.

– Го свикав денеска Министерскиот совет пред се затоа што сакам пред грчкиот народ, целосно да ја преземам политичката одговорност за трагедијата. Тоа е нешто што се подразбира за премиерот и за владата, изјави Ципрас во воведното обраќање на почетокот на вонредната владина седница што започна попладнево.

- Advertisements -

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас при тоа нагласи и дека неговата Влада не бега од одговорноста.

Поврзани новости