Ципрас по соопштението на Иванов: Ставовите на грчката позиција се содржани и јасни

by fokus

Грчкиот премиер Алексис Ципрас одговори на соопштението на претседателот Ѓорге Иванов, во кое беше наведено дека тој нема да прифати ерга омнес решение за спорот со името.

Од кабинетот на Ципрас денеска повторија дека ставовите на грчката позиција во спорот околу името се „содржани и јасни“, пренесува весникот „Катимерини“.

„За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот“, стои во соопштението на грчката влада.

Поврзани новости