525
„Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат“.
Ова е пораката на лидерот на грќката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас дадена по состанокот на извршната канцеларија на партијата, по поразот на изборите.
Ципрас рече дека дојде време да се отвори нов циклус во СИРИЗА откако партијата претрпе голем пораз на двојните парламентарни избори во земјата.
На изборите во мај, СИРИЗА доби 20 од гласовите, двојно помалку од Нова демократија, а на вторите избори минатата недела левичарската партија освои само 17,83 проценти од вкупниот број гласови.
Ципрас 15 години беше на чело на партијата, а од јануари 2015 година до јули 2019 година беше премиер на Грција.