Ципрас ќе ги донира паричните средства од наградите за Договорот од Преспа

by fokus

Паричните средства што лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас ги доби заедно со наградите за Договорот од Преспа ќе ги донира за академската заедница, поконкретно предлага да бидат наменети за доделување награда за најдобар дипломски труд, што би можела да биде насловена „Награда за мир и соработка на балканските народи“, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката ја соопшти самиот Ципрас преку „Фејсбук“, објаснувајќи дека веќе испратил допис до катедрите за политички студии; политички науки; меѓународни и европски економски студии; балкански, словенски и ориентални студии; меѓународни и европски студии и политичка наука и историја на шест грчки Универзитети од Солун, Атина и Крит.

Поврзани новости