432
Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска имале куса средба во Брисел на која разговарале за вчерашната посета на премиерот Зоран Заев на Берлин и за прашањето за името.
На нивната куса средба на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ пораката од Меркел била дека ќе продолжи да ги охрабрува двете страни за да стигнат до решение, додека пак Алексис Ципрас, ја повторил одлучноста на грчката влада да се најде одржливо, стабилно и заемно прифатливо решение.
Дел од грчките медиуми пренесуваат дека европејците сакаат веднаш да се постигне решение на спорот за името и силно ја притискаат Атина, нешто што го негираше владиниот портпарол Ѕанакопулос.