Ципрас: ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа

by Fokus

„ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Северна Македонија“,

Ова го истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа.

Ципрас вчера претседаваше во Стразбур со Комитетот, а според информациите од Грција, фокусот бил ставен на важноста на Договорот од Преспа за мирот, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан, особено во време на големи предизвици во регионот.

На состанокот улествувал и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, а посебна покана за учество добиле професорите Константинос Филис од Грција и Кристијан Фидановски од С. Македонија.

Папандреу истакнал дека сè додека регионот е ранлив на националистички конфронтации, ќе бара заштитници и ќе тоне во нестабилност и нови конфликти, а наспроти тоа дека е потребно сите да го почитуваат принципот на добрососедство, на посветеност на демократските принципи, на почитување на човековите права и владеењето на правото и паралелно ја истакнал важноста на Договорот од Преспа за иднината на Западен Балкан и регионалната соработка.

Професорот Фидановски, како и сите членови на Комисијата кои зеле збор, според истите информации, се фокусирале на потребата од верно почитување на Договорот од новата македонска Влада.

Поврзани новости