Ципрас: Докажавме дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени

by Frosina Fakova

Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа.

-Им се обративме на нашите народи, на народите од Балканот кои се бореа за слобода, но беа измачувани и се измачуваат од отровот на националистичката омраза, на меѓународните конфликти и братоубиствените војни. И докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува Ципрас.

Поврзани новости