Нова порака од владата во Атина до македонските власти. Преспанскиот договор е уникатна можност да се дојде до стабилност на Балканот и не постои друг начин за влез во Еврпската Унија и НАТО, освен промена на уставното име и прифаќање на договорот помеѓу двете земји, порача денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.
„Ако нашите соседи го одбијат, треба да знаат, и ќе бидам искрен кога ќе кажам, дека нема друга алтернатива за влез во Европската Унија или пак во некоја друга меѓународна организација во која членува и Грција. Бидејќи ако не го променат нивното уставно име, сакам да бидам јасен, Грција нема да дозволи влез. Нема да прифатиме членство на соседната земја во Европската Унија, Нато или пак некоја друга безбедносна соработка со уставно име република Македонија.“ – изјави Ципрас.