Територијата на Македонија потпаѓа под влијание на новиот изразен циклон СИМЕОН кој уште во текот на денешниот ден ќе услови нови врнежи од дожд и тоа најпрвин на запад, југ и на југоисток.
Во текот на ноќта кон утрешниот ден врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2). Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој локално повремено ќе биде и СИЛЕН по интензитет и истиот може да биде проблематичен (над 70 км/час). Локално овој циклон може да услови и појава на нестабилност проследена со грмежи.
Врнежите ќе продолжат и утре, но со тоа што полека ќе се поместуваат кон исток, а ќе продолжи да дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурите и понатаму ќе бидат над просекот поради јужното струење. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека утре ќе биде малку посвежо со максимална температура од 11 до 17 степени.
Исто така силното јужно струење понатаму ќе започне да условува и транспорт на прашина и на песок од Сахара, па така и дождот кој што ќе врне ќе биде нечист, односно истиот ќе биде помешан со сахарската прашина и песок.
Подготви: Славчо Попоски