До крајот на денов под влијание на циклонска активност, времето во државава ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи претежно од снег. Во јужните предели на некои пониски места ќе има врнежи од дожд и снег а на повеќе места ќе се формира снежна покривка од околу 5 сантиметри, понекаде и до 10 сантиметри.
На повисоките места и на планините, како и во источните предели се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, локално и повеќе. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 3 степени.
Потоа од утре попладне и навечер се очекува незначително затоплување на времето. Токму поради ова на пониските места врнежите од снег ќе преминат во врнежи од дожд, повремено во дожд и снег и на некои места ќе бидат нешто поинтензивни. Најголемо количество на врнежи се очекува во источната половина, локално и над 40 л/м2. Снежната покривка во овие делови до утре изутрина на некои места можно е да достигне и над 30 сантиметри.
Максималните дневни температури од утре ќе бележат тенденција на незначително покачување, истите некаде од петок ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. И покрај помалото затоплување на времето, сепак и понатаму ќе биде посвежо од вообичаеното.
Подготви: Славчо Попоски