455
Нов Зеланд во последните денови води сурова битка со природата. По веста дека циклонот Габриел однел четири животи, пристигна и информации дека Нов Зеланд го погодил и силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала.
Меѓу жртвите на циклонот има и дете, соопшти полицијата, додавајќи дека бројот на жртвите можеби не е конечен.
Како што наведоа, се уште трагаат по неколку исчезнати лица.
Циклонот Габриел предизвика излевање на реките од коритата и поплави во многу области. Голем проблем се и одроните кои се активирани низ целата држава.
Засега не се знае дали силниот земјотрес што денеска ја погоди оваа земја предизвикал дополнителна материјална штета.