ЦГК: Триесет јавни претпријатија оствариле приходи од над 700 милиони евра минатата година

by Фокус

Триесет најголеми претпријатија во сопственост на државата и локалната самоуправа во изминатава 2018 година вработувале 22.864 лица и оствариле вкупни приходи од 737 милиони евра, покажала анализата на Центарот за граѓански комуникации, направена врз основа на 5 групи на финансиски индикатори изведени од годишните сметки на претпријатијата за периодот 2015-2018 година.

Оваа анализа покажала дека вкупните приходи на 30-те најголеми јавни претпријатија на централно и локално ниво за периодот 2015 до 2018 година се намалиле за дури 35 проценти, а просечната стапка на профитабилност за анализираните 4 години изнесува скромни 5,9 проценти.

Според ЦГК, вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенот на самофинансирање е во зоната на безбедност, со оглед дека изнесува 87 отсто, односно 96 отсто за 2018 година.

Сепак, анализираните претпријатија успеваат да работат позитивно, покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од 4 отсто за периодот од 2015 до 2018 година, односно за 6 отсто во 2018 година.

Поврзани новости