ЦГК: Државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра за две години

by fokus

За само две години институциите набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, за 2023 и 2024 година.

Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели.

Најскапо набавено возило од 55.000 евра е на општина Шуто Оризари, додека општина Прилеп набавила, па го раскинала договорот за возило од 63.000 евра.

Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра.

Омилен бренд на функционерите им е „шкода“, бидејќи секое трето возило е од оваа марка.

Најмногу возила, 82, набавиле Електрани на Северна Македонија.

На дури 70 % од тендерите за набавка на возилата, имало само по една понуда.

-Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше лизинг и Аутомотив груп, секоја по околу 2,8 милиони евра за две години, стои во истражувањето на центарот за граѓански комуникации.

Поврзани новости