Нема притвор за Беким Незири и другите осомничени за упадот во контролата на летање

by fokus

Нема притвор, туку мерки за претпазливост за Беким Незири од ДУИ и другите осомничени за упадот во зградата на контролата за летање М-НАВ.

Иако обвинителството бараше притвор, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе решенија со кои на сите четири лица им се определуваат мерки за претпазливост.

-Согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува:

Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето,

Обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот,

Одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд, соопшти Судот.

Инаку, овие четири лица се осомничени дека заедно со уште четворица, предводени од Незири упаднаа во кулата на контрола за летање и се товарат за кривично дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ.

Другите четворица се недостапни за органите на прогонот.

 

Поврзани новости