Цеца доаѓа во Дојран, цела сезона имала настапи во Македонија!

by Fokus

Популарната турбо фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ доаѓа во Македонија. Таа ќе гостува во Дојран, на Мандра Фестивал на 15-ти јули, а пак на 19-ти јули ќе настапи во Битола, во угостителски комплекс.

На фестивалот во Дојран, кој ќе се одржи на 14-ти и 15-ти јули, покрај Ражнатовиќ ќе настапат и Жаре Бербер, Слаткар, Девито, диџеј Здравко и Два Бона. Локацијата е на паркингот Гранит, а влезниците се по цена од 600 денари.

Цеца е редовна гостинка во Македонија посебно во летниот период. Минатата недела таа имаше голем концерт пред публика од 15.000 луѓе во Ниш, а по концертот во интервју за српски Телеграф кажа дека цело лето ја очекува набиена агенда.

Имала голем број на договорени настапи во Македонија, но и во Црна Гора.

– Ќе биде тоа едно убаво, распеано лето – порача пејачката и додаде дека не треба да се ограничуваат луѓето која музика да ја слушаат.

– Секој нека го слуша тоа што му одговара на ушите. Нека си ја релаксираат душата, телото, умот. Тоа е поентата на музиката – кажа таа за Телеграф.

Во изминатите години на Мандра Фестивал во Дојран гостуваа Петар Грашо, Раста, Жељко Самарџиќ, Адил, Пајак, Ацо Пејовиќ, Црвена Јабука, Наташа Беквалац, Таско, Владо Јаневски и многу други домашни и регионални музичари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости