Централно собрание на Алијанса за Албанците закажано в сабота

by Fokus

Партијата Алијанса за Албанците в сабота ќе одржи седница на Централно собрание, а во прилог е и поканата за седницата на која стои потпис од организацискиот секретар на партијата, Исен Шабани.

Во поканата се наведува дека пред членовите на Собранието, како прва точка на дневниот ред ќе се најде извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања поврзани со претстојните претседателски и парламентарни избори.

Втората точка на дневен ред е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата донесена на 24.10.2024 година околу настапот на партијата на парламентарните избори.
Во одлуката на партиските органи од овој датум е наведено дека Алијанса за Албанците ќе оди самостојно на парламентарните избори.

Потребата од свикување Централно собрание дојде откако во саботата, лидерот на АА, Арбен Тарвари, на својот Фејсбук-профил порача:

„Промената започна. Големата промена треба да биде заедно со албанската опозиција. Знаев дека гласот на народот е за соработка со опозицијата“.

Таравари објави и дека собира потписи за партијата на избори да оди со опозициските партии на Албанците.

На овие негови објави реагираше претседателот на Централното собрание и поранешен лидер на партијата, Зијадин Села, кој рече дека и покрај одлуката на партиските органи за АА да оди самостојно на парламентарните избори, Таравари решил да оди спротивно на сето ова.

Поврзани новости