Центарци протестираа против урбанистичкиот хаос, тетовци против еколошката катастрофа

by Фокус

Жители на Центар и на Тетово денеска протестираа во матичните општини.

Испровоцирани од трагичниот настан кога жена беше прегазена од противпожарно возило во Дебар Маало, дел од жителите на оваа населба протестираа против, како што порачаа, урбанистичкиот хаос, масовното издавање на градежни дозволи и узурпацијата на зелените и пешачки површини во овој дел од градот.

Жителите на Тетово, пак, и денес протестираа пред општинската зграда, каде фрлија кеси со ѓубре во знак на, како што велат, револт поради деценискиот проблем со депонијата, која моментално гори и го загадува градот.

Овие протести доаѓаат во пресрет на локалните избори, на кои Андреј Жерновски и Теута Арифи најавуваат дека ќе се кандидираат за уште еден градоначалнички мандат.

Поврзани новости