Aнкета на јавното мислење во врска со етичкиот и морален однос кон кучињата во рамките на својата научно-истражувачка работа спроведува Центарот за благосостојба на животните при Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
Според Центарот за благосостојба на животните, како што соопшти Факултетот за ветеринарна медицина, имајќи ги предвид бројните дискусии, контроверзни ставови околу односот на општеството кон животните, како на пример дискусиите меѓу општинските власти и невладините организации за бездомните кучиња, како и обврските кои институциите ги имаат во спроведувањето на одредбите од Законот за благосостојба на животните со оваа анкета Факултетот сака да даде можност на граѓаните да ги изнесат своите ставови за овој проблем.
– Со искрени одговори на поставените прашања ќе придонесете во научно-истражувачката анализа со крајна цел да се добијат одговори на прашањето како правилно и соодветно да се грижиме за животните, велат од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
Факултетот оваа анкета ја спроведува според стандардите на при што гарантира за анонимноста. Одговорите на прашањата ќе се анализираат и презентираат исклучиво на ниво на групи и ќе послужат за научно-истражувачки цели.
Анкетата можете да ја видите и пополните на следниот линк