Центарот на Кавадарци беше како огромна дискотека на отворено на првиот гроздоберски ден

by Fokus

Тиквешки гроздобер 2022 во Кавадарци вчера започна со преполн плоштад и улици. Посетители од цела земја дојдоа на отворањето на манифестацијата, а во ноќните часови центарот на градот беше како огромна дискотека на отворено.

Музичките ѕвезди Зи Бомб, Нучи, Војаж и диџеј Че ги расположија присутните, од кои најголемиот дел беа млади генерации.

Денес гроздоберската програма продолжи најпрвин со забава за најмладите со фестивалот Гроздоберче, а потоа следуваат и други забавни содржини.
Вечерва пак, музички гости на градскиот плоштад се Игор Џамбазов и Гуру Харе, Огнен Здравковски и Харис Џиновиќ, чиј концерт ќе започне во 23.45 часот.

Утре во 18 часот започнува карневалското дефиле, во 21 часот ќе настапи Антониа Гиговска, а од 22 часот започнува концертот на легендарниот Горан Бреговиќ.

За сите посетители на гроздоберот, на влезовите од градот се делат пакетчиња со грозје.

Поврзани новости