387
Голем црн облак среде бел ден го надвисна Белград и донесе силен дожд и грмежи. Како што јавуваат граѓаните на социјалните мрежи, потоци вода течат низ некои централни улици на главниот град, пренесува Блиц.
Тешко се движи низ центарот на градот бидејќи големата количина на дожд што наврна за краток временски период не успева да се спушти по одводните канали, туку напротив останува на коловозот и тротоарите.
Дождот и врнежите веќе пристигнаа во западните делови на Србија. Според објавените информации и видеа на Инстаграм, Златибор бил погоден од град, а центарот практично за 15 минути бил поплавен.