Центарот на Скопје е утринава најзагадениот дел од Македонија. Целиот град е под магла поради што се искачија вредностите на штетните ПМ 10 честици низ мерните станици.
Мерната станица на Министерството за животна средина во Центар покажува загаденост шест пати над дозволената, или 302 микрограми ПМ 10 честици на метар кубен. Слична е и состојбата во Драчево, додека во Карпош 4 и кај Ректорат се измерени 179 микрограми.
Мерните станици на Министерството во Ново Лисиче и Гази Баба се уште се вон функција. Но работат оние поставени од граѓанските активисти. Апаратите на волонтерската мрежа Skopje Pulse покажуваат 181 микрограми во Бисер, 168 во Аеродром, над 200 во Гази Баба, 227 кај Излет, 170 во градски парк кај фонтана и 300 на Водно.
Помалку загадено е во останатите градови. Во Тетово 96 микрограми, Струмица 154, Кавадарци 134, Битола 93. Мерните станици на невладината организација покажуват дупло поголема загаденост во Кавадарци од онаа на Министерството, односно 300 ПМ10 честици на метар кубен.