Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека е невозможно да ја откажат новогодишната прослава и предвидените 3 милиони денари да се донираат во хуманитарни цели, бијдеќи раскинувањето на договорите ќе и донеселе тужби на општината.
– Ќе треба да им ги исплатиме парите, а тие да не настапуваат. Оваа иницијатива да се случеше пред месец ќе можеше да се откаже, но сега тешко. Овој настан ќе има и хуманитарен карактер, ние апелираме до сите правни лица во општината да донираат. Први ќе донираат артистите кои ќе настапуваат, тие се согласија да донираат од нивниот хонорар, 600 илјади денари“, рече Жерновски.
Градоначалникот се надева дека сумата на донации ќе ја надмине и онаа сума која ќе се потроши за организирање на забавата. Тој најави дека дополнително ќе се донесе одлука, каде ќе се донираат парите.