258
Производите кои што ќе се најдат на листата за есенската кошничка ќе бидат со ограничена бруто профитна маржа до 10 проценти, а не со замрзнати цени, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Тој додаде дека за оваа мерка ќе се разговара наредната недела на владина седница.
Како што рече тој, дел од производите што ќе бидат опфатени со мерката се лебот, пекарските и млечните производи, овошјето, зеленчукот.
„Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници“, рече Дурмиши.