Цените на нафтата паднаа под 106 долари

by Fokus

Цените на нафтата денеска паднаа под нивото од 106 долари на меѓународните пазари, бидејќи фокусот повторно е ставен на знаците за слабеење на побарувачката поради напорите на централните банки да ја ограничат инфлацијата со повисоки трошоци за задолжување.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември попладне беше пониска за 1,68 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 105,67 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во август се тргува по пониска цена за 1,82 долари, односно за 102,40 долари. Повеќе се тргуваше со барели за испорака во септември со пад од 1,79 долари на 98,94 долари.

Во меѓувреме, Либија го отвори пристаништето Ес Сидер за извоз на нафта, се вели во денешното соопштение за медиуми на Министерството за нафта.

Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот изнесувал 110,27 долари, што значи дека поскапела за 1,51 долар во однос на претходниот работен ден.

Поврзани новости