Цените на гасот во Европа паднаа под 200 евра за мегават за првпат по неколку недели

by fokus

Цените на гасот во Европа денеска паднаа на околу 197 евра (195,65 долари) за мегават час, што е првпат оваа цена да се намали под 200 евра од почетокот на август.

Како што пренесе ДПА, надолното поместување дојде откако цените за договорот TTF за холандскиот гас паднаа за околу осум проценти. TTF договорите се сметаат за стандард за европските нивоа на цени.

Веста доаѓа еден ден пред да се состанат министрите за енергетика на ЕУ за да разговараат за ризиците со кои се соочува Европа поради недостигот на гас, кој се очекува да трае со месеци и да влијае врз економијата на континентот.

На почетокот на неделата, цените беа поблиску до 300 евра за мегават час, откако пазарите ја примија веста дека Русија го затвора транзитот на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1.

Русија вели дека санкциите воведени против неа во знак на протест против нејзината инвазија на Украина го оневозможиле одржувањето на гасоводот. ЕУ вели дека се сомнева дека Русија се обидува да го уценува остатокот од континентот.

Поврзани новости