Цените на електричната енергија во Европа продолжуваат да растат и при денешното затворање на енергетските берзи, покажуваат податоците на платформата Energylive. Зделките се за утрешна испорака, 21 декември.
Највисока цена на струјата утре ќе има Франција – 442,88 евра за мегават/час, што е зголемување за 15,9 отсто во однос на денеска. На австриската берза струјата за утре поскапува за 25,9 отсто во однос на денешната. Таму струјата утре ќе чини 434,34 евра за мегават/час. Во Белгија поскапувањето ќе биде за 19,2 отсто, при што берзата се затвора со цена од 432,99 евра за мегават/час.
Во Грција поскапувањето на струјата е 8,2 отсто, а утре струјата ќе се продава за 342,35 евра за мегават/час.
Намалување на цената на струјата е забележано само на берзите во Шпанија и Португалија – за 3,7 отсто. На двете берзи е најевтина струја во Европа – 327,38 евра за мегават/час.