Цената на нафтата уште ќе расте, викендов се наточиле 200 тони

by Фокус

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека во моментов во Европа се случува најголемата криза, која, како што вели, не може да се предвиди до каде ќе се продлабочува на секаков план.

– Ако ја гледаме цената на нафтата во последните пет дена, таа дневно расте по 100 долари, што значи дека и денес ќе имаме корекција на цената на нафтените деривати кои ги увезуваме. Очекувам тоа да биде по нагорна линија и тоа е резултат на војната што се води во Украина. Тоа предизвика диснбаланс на светските берзи, пред се на енергенсите и електричната енергија. Само ја зголеми и продлабочи кризата и влијаеше на цената на храната на светските берзи – рече Ковачевски на ТВ 24.

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, пак, на ТВ 21 посочи дека недостигот на горива на неколку бензински пумпи е резултат на зголемувањето на потрошувачката во текот на викендот, а не е последица на евентуалните злоупотреби од страна на бензинските пумпи. Тој истакна дека во текот на овој викенд се продадени 200 тони гориво, а просечната продажба достигнува 40 тони.

-Само една од компаниите што го снабдува населението просечно последниве 5 години за викенд продава 40 тони нафта во Македонија. Само овој викенд продала 200 тони. Доколку има граѓанин кој има факти дека по 12 часот имало гориво а пред 12 часот немало, слободно нека ни каже за која бензинска пумпа станува збори и ќе ги видиме последиците- рече Битиќи.

Поврзани новости