Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на над 116 долари, поради индикациите дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати не можат значително да го зголемат производството.
На лондонскиот пазар цената на барел порасна во однос на претходното затворање за 1,19 долари, на 116,28 долари. Вчера ја затвори трговијата на плус од 1,97 долари. На американскиот пазар денеска се тргуваше по 96 центи поскап барел, по 110,53 долари. Вчера ја затворија трговијата на плус од 1,95 долари.
Поддршка на цените е дадена вчера од стравувањата на трговците дека и онака тесната понуда може дополнително да се намали откако водечките светски економии, собрани во Г7, изјавија дека дополнително ќе ја ограничат продажбата и цените на руската нафта.
Лидерите на Г7 денеска појаснија дека ќе размислат за забрана на транспортот и осигурувањето на руската нафта доколку нејзината цена надмине одредена граница за да го зголеми притисокот врз Москва поради руската инвазија на Украина.