Цените за билетите за меѓуградските линии од денеска се зголемени за 15 до 20 отсто.
Во моментов најскапо е патувањето со автобус од Скопје кон Охрид и обратно, кое со последното зголемување во еден правец чини 680 денари, додека повратен билет е 930 денари, објави Сител.
Возење во еден правец од Скопје до Гевгелија од денеска чини 520 денари, а повратниот билет е 770 денари.
-Секој превозник сам одлучува за цената. За поблиските релации, како за Куманово или Велес, цените се зголемени за 20 до 30 денари, вели Масар Омерагиќ од „Руле турс“.
Според превозниците, зголемените цени на горивата, резервните материјали, струјата и прогласувањето на недела неработен ден, се причини за поскапувањето.
Граѓаните се изненадени, бидејќи цените на билетите биле поскапени без најава.
Цената на меѓународниот превоз за сега останува непроменета. Дали ќе има зголемување и за надвор од државата, ќе се знае до крајот на месецот. Инаку превозниците неколку пати побарале помош од државата да им се намапалат патарините или да се откаже државата кај дел од акцизата.