462
Цената на биткоинот денеска падна под 20.000 долари, за прв пат од декември 2020 година.
Според податоците на порталот CoinDesk, цената на дигиталната валута паднала за 6,57 отсто во 8:55 часот по средноевропско време и изнесувала 19.450 долари, пренесе ТАСС.
Од 9:05 часот, курсот на биткоин дополнително падна, па неговата цена во тоа време беше 19.342 долари.