Целта за членство во ЕУ во 2030 година зависи од вашите залагања, порача Гир

by Fokus

Владата изјави амбициозно дека ќе се приклучи на Европската унија во 2030 година. Успехот или неуспехот на оваа амбициозна одлука ќе зависи од вашите залагања. Пристапот кон ЕУ треба да биде национален проект, целиот политички спектар треба да се заложи за националните интереси и за спроведување на реформите поврзани со ЕУ, а реформите во правосудството се неопходни и тоа ургентно.

Ова го истакна амбасадорот на ЕУ во државава Дејвид Гир во обраќање на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК).

–  Ова не значи дека опозицијата треба да престане да работи, нејзината улога за преиспитување на прашањата на политиките е од витално значење, но мора да постои сигурност дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување кон ЕУ со ист чекор на спроведување на реформите без оглед на тоа која Влада е на власт, рече Гир.

Поврзани новости