Во третиот број на списанието „Студентски глас“, кој излезе денеска, Студентскиот пленум ги објасни своите планови за во иднина. Тие велат дека не застануваат тука, напротив, и понатаму на истиот начин ќе се борат за подобри услови во високото образование.
-Пред Студентскиот пленум е задачата да го обезбеди своето постоење како движење кое ќе опстојува со генерации, будно следејќи ги настаните во борба за подобра иднина, пишува во „Студенстки глас“.
Автономните зони на факултетите ќе продолжат да постојат, како што велат од Пленумот, како патоказ на вистинските вредности кон кои треба да се стремиме. Алтернативните предавања ги држат реномирани професори и опфаќаат теми од социолошка природа, политика, информатички технологии, архитектура, слобода на изразување и медиуми и филозофија.