Целосно се затвораат кафичите, обложувалниците, продавниците во моловите, како и повеќето гранични премини

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес конференција истакна дека покрај досегашните 12 заболени од корона вирусот, има уште нови шест заболени.

Токум затоа се превземаат и дополнителни мерки за понатамошно спречување на ширење на корона вирусот.

-Се затвораат сите гранични копнени премини кон Македонија освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан и Блаце, кои ќе бидат отворени за премин на патници и возила. Да прекине со работа аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, односно да се затвори овој граничен премин после 48 часа по донесувањето на оваа мерка. Да се забрани влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен оние од земјите со висок ризик, истакна министерот Филипче.

Тој додаде дека е донесена одлука и да се затворат сите продавници во моловите.

-Се затвораат продавниците, освен супермаркетите, продавниците за храна и аптеките. Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници. Сите угостителски објекти кои подготвуваат храна може да работат, но без посетителли, и да остваруваат продажба на алтернативен начин, рече министерот Филипче.

Поврзани новости