Целосно е изгаснат пожарот меѓу Богданци и Дојран, изјави Ангелов

by Fokus

Изгаснат е пожарот меѓу Богданци и Дојран, кој избувна денеска напладне на планината Карабалија, во атарот на селото Селемли, во близина на границата со Грција, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој е на местото на пожарот.

„Во текот на ноќта претставник на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), како и локален тим пожарникари ќе останат на местото на пожарот да внимаваат да не дојде до повторно палење“ – рече Ангелов во видео изјава снимена на местото на пожарот.

Според него, доколку утре се случи повторно разгорување на огнот, два авиони „Ер трактор“ се подготвени да дејствуваат.

Пожарот го гаснеа авиони и пожарникари од Гевгелија и Дојран повеќе од осум часа.

Поврзани новости