Целосна и транспарентна истрага за смртта на Навални, бара Гутереш

by fokus

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, рече портпаролот на ОН, Стефан Дижарик на брифинг со новинарите.

„Генералниот секретар на ОН е шокиран од веста за смртта на опозиционерот Алексеј Навални во руски затвор. Генералниот секретар изразува сочувство до семејството на г-дин Навални и повикува на целосна, веродостојна и транспарентна истрага за околностите на неговата смрт во затвор“, рече Дижарик.

Федералниот оддел на казнено-поправната служба на автономниот округ Јамало-Ненецки вчера соопшти дека Навални (47) починал во казнената колонија каде што ја отслужуваше казната.

Според наводите на тој оддел, Навални по прошетка се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале на помош на осуденикот и почнале со реанимација која траела повеќе од половина час.

Поврзани новости