Генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, изјави дека целата тендерска документација ќе биде ставена на јавен увид. Ова доаѓа откако Владата му наложи на ЕЛЕМ да го поништи тендерот за набавка на опрема за ископ на јаловина за РЕК Битола, вреден 34 милиони евра, поради сомневање за злоупотреби. Од ЕЛЕМ, пак, ги демантираа ваквите наводи.
„Истата документација ќе биде ставена на располагање на сите релевантни органи, кои ги повикуваме да пристапат за ревидирање на истата. Доколку констатираат и најмала индиција за некаква неправилност , тогаш ние сме спремни да ја поднесеме целокупната одговорност. Во спротивно доколку не се констатираат такви неправилности, тогаш очекуваме од Владата да се произнесе и да ни се извини“, рече првиот човек на АД ЕЛЕМ, Мицковски.