Како целодневен настан со почеток во претпладневните часови е замислен отчетот за првите сто дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а настанот ќе се одржи во објектот на Македонската Филхармонија.
Целта е потранспарентно и поотворено на граѓаните да им ги презентираат остварувањата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои веќе 100 дена управуваат со освоените 42 општини на последните локални избори во октомври.
Настанот на кој е предвидено и обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и три панел дискисии посветени на долговите на претходните градоначалници, на европските практики во локалните самоуправи и на младите, на кои ќе учествуваат истакнати членови на партијата, се одржува под мотото „Промени што носат иднина“.
-Освен овој настан во наредниот тринеделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени, соопштија од најголемата опозициска партија.