Владата на вечершната седница донесе одлука да воведе карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Липково, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, соопшти министерот Филипче на прес конференција.
-Комисијата за заразни болести правеше анализа и ги следуваше трендовите. Имаме неколку локации каде има брзо ширење. Групирање на семејни настани и прослави, неносење заштита опрема и колективен превоз на работници се главните причини за зголемениот број заразени.
Заради спречување на ширење Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час. Се воведува забрана за движење за Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Липково, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце од четврок до понеделник. Во останатите градови во петок, сабота и недела полициски час од 16 до 5 часот следниот ден, рече Филипче.