Едно лице загина, а седуммина се повредени, меѓу кои и четиригодишно девојче во тешка сообраќајкна несреќа што околу три часот изутрина се случила во Србија. Во судар на „голф“ со македонски регистарски таблички и „фиат“ со бугарски загинал бугарски државјанин, на возраст од околу 45 години.
Несреќата се случила на обиколницата меѓу тунелите Липак и Стражевица на Ибарската магистрала кај Железник, кон Остружница. Една жена завршила со со тешки повреди на главата, а лекарите се борат да ја спасат. Таа е префрлена на реанимација во Ургентниот центар. Еден маж пак, се здобил со исеченици на главата. Друг маж има повреди на главата и скршеница на десната потколеница, а трет има повреда на глава, градниот кош и на стомакот. Еден од патниците завршил со повреди на двете нозе и стомакот. Друга жена е полесно повредена, а четиригодишното девојче се здобило со полесни повреди на главата- пренесуваат српските медиуми. Повредените се на возраст од 35 до 45 години.
Според нив, првичните сознанија од истрагата се дека „фиатот“ од Бугарија ненадејно преминал на левата страна на коловозот при што директно удрил во „голфот“ од Македонија, кој прописно се движел по магистралата. На коловозот немало траги на кочење, па се претпоставува дека бугарскиот државјанин може да заспал зад воланот, предизвикувајќи ја несреќата.