Цели села срамнети со земја во Авганистан: луѓе копаат низ урнатините и бараат преживеани

by Fokus

Авганистанци со голи раце и лопати копаа низ урнатините во западен Авганистан во очајнички обид да ги извлечат жртвите по силните земјотреси во кои загинаа над 2.400 луѓе.

Во саботата земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала погоди густо населена област кај Херат. По првиот земјотрес следеа силни последователни потреси.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на околу 40 километри северозападно од Херат. По него следеа три многу силни последователни потреси, магнитуди од 6,3, 5,9 и 5,5 степени и помали потреси.

Цели села се срамнети со земја, луѓето останаа заробени под урнатите куќи, а мештаните чекаа помош и копаа во потрага по луѓе со своите раце, пишува АП. Под урнатините има и живи и мртви. Владиниот портпарол вчера изјави дека стотици се уште се заробени, повеќе од 1.000 се повредени и повеќе од 1.300 домови уништени.

Портпаролот на талибанската влада вчера зборуваше за бројот на жртви. Доколку оваа бројка се потврди, земјотресот во сабота ќе биде еден од најсмртоносните што го погодиле Авганистан во последните две децении.

Поврзани новости