410
Цела влада на СДС и ДУИ на чело со првиот вицепремиер Артан Груби денеска присуствуваа и се сликаа на ископување една дупка на патниот правец Тетово – Гостивар, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За почеток е ископана една дупка, а со оглед на тоа дека владата единствено ја бидува за криминал, по се изгледа дека оваа дупка ќе остане единствената градежна активност на коридорите 8 и 10д кои што ќе чинат над 1,3 милијарди евра. Ова е само еден од милион докази дека не станува збор за историски проект, туку историски криминал на владата на СДС и ДУИ“, велат од партијата.