671
Италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва на вонредна прес конференција соопшти дека цела Италија од вечерва ќе биде ставена во карантин, односно мерките што важеа за северна Италија, од сега важат за цела Италија.
Со мерките се забрануваат сите јавни настани, се затвораат кината, театрите, теретаните, дискотеките и кафулињата. Се заврануваат и свадбите, погребите и сите спортски настани, вклучувајќи ги натпреварите од Серија А. Сите училишта и универзитети ќе останат затворени до 3 април.
Конте изјави дека „Иднината е во наши раце и секој треба да го направи својот дел“.